Бизнис
30. јуни 2016 - 19:38

Арапски инвеститор ќе го враќа сјајот на хотелот Европа во Отешево

Претставници на Глобал Инвестмент Фонд од Обединетите Арапски  Емирати го брифираа градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски за започнатите активности околу реконструкција на Хотелот Европа во Отешево.

Компанијата од Емиратите најавува дека уредувањето на Хотелот Европа е првиот чекор во рализацијата на плановите што ги имаат на преспанското крајбрежје.

Градоначалникот на Ресен изрази задоволство од заинтересираноста на странскиот инвеститор за туризмот - една од најзначајните стопански гранки во Преспа, како и намерата да се реши еден од најгорливите проблеми – напуштениот хотел во Отешево.

Фирмата од Емиратите која веќе регистрирала  фирма во Република Македонија има намера да инвестира и во енергетика и  гасификација.