АР: Се оградуваме од постапките на вработените надвор од работно време

Агенцијата за разузнавање (АР) денеска соопшти дека изразува жалење и го осудува инцидентот кој се случи вчера пред арената „Филип Втори" во Скопје за време на Супер Купот, а во кој беше инволвиран нивен вработен, истовремено оградувајќи се од сите индивидуални постапки на вработените надвор од работното време.
За постапките на своите вработени надвор од работното време Агенцијата најавува дека ќе постапува во согласност со Законот за работни односи, Законот за Агенцијата за разузнавање и Правилникот за работа на Агенцијата.
Од АР истакнуваат дека имаат разбирање за интересот на пошироката јавност и медиумите за природата на нивната работа или активностите на вработените во АР и ги замолуваат претставниците на медиумите, како и сите други припадници на институциите на државата да информираат на професионален начин кој не ја загрозува безбедноста на вработените во безбедносните служби.
- Откривањето на личниот идентитет на вработени во безбедносните служби од кои било причини, создава ризици и ја загрозува безбедноста на лицата и нивните најблиски, соопштува АР и додава дека ја почитува професионалноста и посветеноста на медиумите и институциите кои известуваат навремено, точно, релевантно и со почит кон приватноста и безбедноста на овластените службени лица од безбедносните служби, а кои се во согласност со професионалните стандарди и новинарски кодекси.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција на која се осврна за безбедноста на граѓаните и учесниците во Суперкупот на УЕФА, меѓу останатото, наведе дека е забалежано спречување службено лице во вршење службено дејствие од вработен во Агенцијата за разузнавање.
Ново на Сител
-

Андоновски: До февруари ќе ги завршиме домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ
-

Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид
-

ЦУК: Состојбата со последните врнежи се следи и е стабилна
-

Распишана меѓународна потерница по 18-годишникот кој смртно прегази жена кај ТЦ „Беверли Хилс“
-

Манчестер Јунајтед добива менаџер до крајот на сезоната
-

58-годишник ја убил својата мајка во Богданци
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во четири општини, тече рокот за жалби
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
