Апсење во Куманово - преку СМС порака му се заканувал на градоначалникот
Секторот за внатрешни работи Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Д.С.(34) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, казниво по член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија. На 22 септември 2018 година, пријавениот во два наврати испратил СМС пораки на градоначалникот на Куманово М.Д. во кои упатил закани кон него и неговиот син. По преземени мерки, Д.С. е лишен од слобода и му биле одземени мобилен телефон, безбол палка, четири полиетиленски пакувања со наркотична дрога марихуана и една сим картичка. Исто така, по преземени мерки, било утврдено дека Д.С. е сторител на уште две кривични дела „оштетување туѓи предмети“, казниви по член 243 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија. На 24 септември 2018 година, прјавениот скршил излог стакла на два штаба на политичката партија СДСМ, лоцирани на улица Илинденска и улица „Тоде Мендол“.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица