Апофизис би можел да ја загрози Земјата

Астрономи од Петербуршкиот државен Универзитет посочуваат дека, според пресметките, астероидот Апофизис, со пречник од 325 метри, би можел да се судри со Земјата во 2068 година.
Астероидот веќе 2029 година ќе мине крај нашата планета на оддалеченост од 38.000 километри – растојание десетпати помало од она меѓу Земјата и Месечината. Следниот пат тоа ќе биде во 2044. (на 16 милиони километри), 2051. (на 760.000 километри) и 2060 година (на пет милиони километри), наведуваат од Катедрата за небесна механика при санктпетербуршкиот Универзитет.
И американските научници укажуваат на можен судир со Апофизис. Имено, стручни лица од Хавајскиот Универзитет сметаат дека веројатноста постои, но таа е исклучително мала.
Астероидт Апофизис е откриен 2004 година, а научниците тогаш објавија дека веројатноста од судир со Земјата во 2029, е 2,7 отсто. Меѓутоа, тие проценки сега не важат.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
