Апликацијата „МојДДВ“ ја презеле 120.000 граѓани, достапна и на Apple store

Апликацијата „МојДДВ“ на Управата за јавни приходи (УЈП) е достапна за преземање и од Apple store на линкот https://apps.apple.com/us/app/moj-ddv-ujp/id1472553785.
Од 1. јули кога стартуваше мерката поврат на 15 проценти од пресметаниот ДДВ апликацијата ја користат 120.000 граѓани, соопшти денеска УЈП.
Заклучно со вчера скенирани се 1.964.811 фискални сметки, остварен е промет од 1.041.512.209 денари, а повратот од 15 проценти од пресметаниот ДДВ изнесува 16.323.077 денари.
Од Управата за јавни приходи информираат дека граѓаните кои не се во можност да ја користат апликацијата МојДДВ на своите телефони, може да ги користат услугите што ги нуди УЈП во сите свои организациски единици каде што фискалните сметки може да се скенираат на киоск апарати, баркод читачи, како и паметни телефони на кои е инсталирана апликацијата МојДДВ.
– Мерката поврат на 15 проценти поврат од пресеметаниот ДДВ кај граѓаните е од корист и за граѓаните и за државата. Управата за јавни приходи изразува задоволство од досегашната реализација на мерката и ефектите што се и во насока на намалување на сивата економија. Граѓаните инсистираат да им бидат издадени фискални сметки за производите што ги купуваат и за услугите што ги користат, а се почесто во Управата за јавни приходи се пријавуваат и нерегуларностите при издавањето, односно неиздавањето на фискални сметки. За сите граѓани УЈП на својата веб страна, нуди и одговори на најчесто поставуваните прашања на граѓаните преку контакт центарот на УЈП и социјалните мрежи, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Убиство во Битола: Маж си ја уби 31-годишната сопруга
-

Македонскиот извоз на фудбалери меѓу Топ 50 во светски рамки
-

Во израелски напади врз Либан загинаа 22 лица, од кои осум деца
-

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско
-

Француските обвинители бараат седум години затвор за Никола Саркози
-

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца
-

Најсвежо на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
-

Трамп го пофали кинескиот претседател како „голем лидер“, рече дека му е чест што го има за свој пријател
