Апликација за пониска сметка за струја, првонаградена на Иновативен камп за средношколци
Решение за намалување на сметката за електрична енергија е првонаградена на Иновативниот камп - натпревар на средношколци во претприемачки вештини, што се одржа вчера во организација на Џуниор ачивмент Македонија, дел од глобалната мрежа Junior Achievements Worldwide.
За натпреварот беа пријавени 140 ученици од 28 средни училишта од Македонија. Победничката апликација ја изработи групата под реден број 4 составена од учениците: Викторија Димитриевска и Дарио Петроски (Скопје), Ирена Илиева (Струмица), Надица Крстева (Кавадарци), Ахмеда Мустафова (Берово) и Никола Петрески (Охрид).
Според бизнис планот, нивната компанија која нуди услуга во вид на апликација, може да им помогне на сите кои сакаат да купат нов електричен производ, за поволна цена, а едновремено да ја намали и сумата на нивната сметка за електрична енергија. Апликацијата има цел да ги подредува електричните производи по најмала потрошувачка на електрична енергија и со тоа да придонесе за енергетската ефикасност во заедницата, а и семејниот буџет, заштедувајќи електрична енергија.
Втората награда припадна на група ученици со бизнис план за самоодржливи возови и третата награда на ученици со бизнис идеја за еколошко производство на обновлива енергија.
Програмата во Македонија е поддржана од УСАИД. Натпреварот е дел од програмата за Ученички компании, која ќе се спроведува во средните училишта во текот на целата учебна година.
Ново на Сител
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис
-
Четири рочишта против Мерко
-
Дневно и по 200 деца со респираторни инфекции завршуваат на Детска и во клиниката “Козле”
-
Алијанса на пациентски орг. - лекови за онколошки болни што поскоро и вкл. на алијансата при носење на здрав. политики