ОН апелира за продолжување на примирјето во Јемен

Специјалниот претставник на Обединети нации за Јемен, Исмаил Улд Шеик Ахмед апелираше до завојуваните страни во земјата да го продолжат примирјето за најмалку 72 часа.
Примирјето истече вчера на пладне, но засега нема информации дали борците се подготвени да го продолжат примирјето.
Ахмед наведе дека покрај кршењето се одржало примирјето.
- Прекинот на огнот им овозможи на ОН да достави храна и хуманитарни пратки во некои области на Јемен, кои претходно беа недостапни, посочи Ахмет.
Војната во Јемен почна во 2014 година кога шиитските бунтовници Хути го зазедоа главниот град Сана, а една година подоцна почна интервенцијата на заливските земји предводени од Саудиска Арабија. Во борбите загинаа над 4.000 цивили, а раселени се три милиони луѓе од вкупното население - 26 милиони на најсиромашната држава од арапскиот свет.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
