-->
-->
Апелацискиот суд одлучи „бомбите“ да бидат доказ во случајот „Тенк“
-->
Апелацискиот суд Скопје одлучи прислушуваните разговори за набавката на луксузниот мерцедес од над половина милон евра да бидат доказ во судењето за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.
Случајот „Тенк“ се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и началникот за јавни набавки Ѓоко Поповски, со што му нанеле штета на државниот буџет.
На вчерашната седница во Апелацискиот суд,како што соопшти МИА, Јанкулоска побара „бомбите“ да не бидат користени како докази со образложение дека и била нарушена приватноста.
Апелацискиот суд досега одлучи „бомбите“ да бидат докази во случаите „Тендери“, „Насилство во Центар“, „Триста“,„Топлик“ и „ТНТ“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот