Апелациски определи притвор за Грујовски, Јакимовски и Бошковски
Апелацискиот суд Скопје за тројца обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, меѓу кои Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, ја уважи жалбата на СЈО, ги преиначи првостепените решенија и заради обезбедување присуство на обвинетите во кривичната постапка им определи мерка притвор.
- Апелацискиот суд Скопје по одржаните седници на ден 17.7.2017 година донесе одлуки во предметите познати во јавноста како „Таргет“ и „Тврдина“, со кои за тројца обвинети ја уважи жалбата на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје, на начин што ги преиначи првостепените решенија и жалбите на Обвинителството ги уважи, а према обвинетите Г.Г., Н.Б и Т.Ј. заради обезбедување присуство на обвинетите во кривичната постапка, определи мерка притвор, додека за останатите обвинети се потврдија првостепените решенија, со тоа што жалбите на обвинетите, како и на Обвинителството, се одбиени како неосновани, се наведува во денешното соопштение од Судот.
Ново на Сител
-
Предлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, Костадиновски пред пратениците
-
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница
-
Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
-
Трамп планира нови царини за фармацевтските производи до 200 проценти
-
Државниот министер за надворешни работи на Катар во посета на Скопје
-
На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата
-
Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола