Апелација: Васил Јованов осуден со 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело

Апелациониот суд во Скопје на нејавна седница ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов, за претходното кривично дело каде е фатен со 80 кесички амфетамин.
„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KЖ- 1047/24, на нејавна седница одржана на ден 05.02.2025 година, ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот В.Ј. од С., а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи.Решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1439/24 од 31.07.2024 година, го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом на начин што за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 1-една година и за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 в.в член 22 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 3-три години и согласно член 44 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, СЕ ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 3– три години и 10-десет месеци“, стои во пресудата на овој суд.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
