Апелација потврди: 14 години затвор за момчето кое го уби матурантот Ангел
Апелација ја потврди казната за Насер Ештрефи кој го уби матурантот Ангел Петковски во мај 2014 година во скопската населба Ѓорче, настан за кој Македонија се крена на нозе.
Како што пишува ДНЕВНИК, 20-годишниот Насер ќе одлежи 14 години затвор, откако Судот ги одби жалбите.
Убиството кое ја потресе Македонија се случи во мај 2014 кога Ештрефи украде велосипед од момчето. Ангел заедно со својот татко Сашо Петковски почна да го брка крадецот, а на Кејот на Вардар, кај Очната болница го стигнале и таму Ештрефи го уби со нож.
На почетокот на судскиот процес Насер кажа дека се чувствува виновен само за кражбата, не и за крвавиот злочин, бидејќи тој знаел дека го бркаат, но немал намера никого да убие, а претходно не бил сторител на никакви кривични дела.
Тој тогаш изјави дека не го носел ножот со себе туку го забележал во тревникот додека Ангел и татко му наводно брутално го тепале. Со оглед на тоа дека тоа бил четврт велосипед кој го крадат од семејството, решиле да реагираат и да тргнат по убиецот, но таткото не ни помислил дека ќе го загуби синот.
Ангел му починал на татка си во раце.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица