Македонија
14. December 2015 - 17:45

Апелација ги потврди доживотните казни за „Монструм“

Одлучувајќи по жалбите на јавниот одбвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и обвинетите, судот ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 во предметот познат во јавноста како „Монструм“, се вели во денешното соопштение од скопска Апелација.

Апелацискиот суд Скопје ја потврди  пресудата на Основниот суд Скопје 1 од 30 јуни 2014-та за случајот „Монструм“.

Одлучувајќи по жалбите на јавниот одбвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и обвинетите, судот ја потврди  пресудата на Основниот суд Скопје 1 во предметот познат во јавноста како „Монструм“, се вели во денешното соопштение од скопска Апелација.

Судот  по одржаната јавна седница и сеопфатната анализа на доказите и оценка на жалбените наводи, жалбите на 5–те обвинети огласени за виновни за кривично дело „тероризам“ од кривичниот законик, како соизвршители и едниот обвинет огласен виновен за кривично дело „тероризам“ како помагач, и осудени на казна доживотен затвор изречена од страна на првостпениот суд, се одбиваат како неосновани, се вели во соопштението од скопска Апелација.