АПЕЛ ЗА ПОМОШ - За семејството Поповски чија куќа изгоре во пожар во Битола
На 30 Јуни 2022 година, околу 18:30 часот, изби пожар во куќата на семејството Поповски, на улица 16-та број 29 во Битола и целосно е оштетена нивната куќа во која живееја. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебелот, техничките апарати и гардеробата, односно вториот спрат од куќата во целост изгоре, а првиот спрат е целосно уништен од водата.
Семејството Поповски откако изгоре нивната куќа, немаат каде да живеат и останаа без покрив над глава. Засега се згрижени кај роднини, поради што итно им е потребна помош. Ве молиме да бидете хумани и да помогнете. Сметката за донации е 210-5016787176-48, депонент НЛБ Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Благојче Поповски со живеалиште на ул. 16-та број 29 во Битола. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лица е 262, со назнака донација.
Ви благодариме!
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар
-
На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани
-
Протест во Кочани
-
Конструктивен состанок на лидерите на Вреди, блиску до заеднички настап на локалните
-
ССМ: Ни во синдикалната кошница нема алкохол и цигари, има само одмор во бунгалов во Дојран
-
Затворени четири угостителски објекти во Југоистокот поради недоследности во заштитата од пожари
-
Се зголемува интересот за тутунот кај нас, Македонија втора во светот по Турција за производство на ароматичен тутун
-
Детектирање на проблемот со булингот