Апел за помош за 9-годишната Биле од Кратово која боледува од тумор на мозок
Билјана Пешевска на 22 април ќе наполни девет години. Животот и беше идиличен, каков што е вообичаено на село. Со својот три години постар брат Лука поминуваа безгрижни детски денови, исполнети со радост и среќа. Во скромниот дом во кратовското село Трновац, во две мали сопчиња, без бања, живеат скромен живот, на работ на сиромаштија.Првиот шок го доживеаја кога нивната мајка ги напушти и ги остави да се снаоѓаат како знаат и умеат со болниот и делумно неспособен за работа татко, Даниел. Со социјална помош од 2.400 денари, без приходи од плата, се бореа со сиромаштијата, но беа среќни.
Се до едно утро, на 29 јануари оваа година, кога малата Биле се разбуди со страшни главоболки и нагон за повраќање. Утредента Биле заминала на испитувања на скопските клиники, каде лекарите ја соопштиле најлошата вест. Биле боледува од медулобластом, односно малиген тумор на малиот мозок. На трети февруари лекарскиот тим на детска хирургија извршил оперативен зафат, отстранувајќи го туморот со големина на помала мандарина. Следните неколку дена е следена состојбата на Биле и таа, во солидна состојба се врати пред неколку дена во својот дом.
Семејството Пешевски сега се соочува со големи финансиски проблеми затоа што нема средства за продолжување на терапијата која Биле во следните шест недели треба секојдневно да ја прима во Скопје. Ја чека радиотерапија и хемотерапија, но Биле не сака да остане цел месец во болнички кревет, а семејството нема пари за да патува секој ден на релација Скопје – Кратово. Досега потрошиле околу 30.000 денари, средства кои ги обезбедиле од најблиските роднини, пријатели и соседи. Допрва ги очекуваат уште поголеми трошоци, а таткото Даниел има нарушено здравје и нема како да ги заработи.
Сите што имаат човечност и хуманост во себе, можат да уплатат парична донација на трансакциската сметка на таткото Даниел. Сто, двеста или петстотини денари нема да не осиромашат, но ќе значат живот за малата Биле. Хуманоста во неограничени размери ја покажавме пред два месеци, кога се собраа десеттици илјади евра за лекување на Давид од Кратово, а ќе ја покажеме уште еднаш, кога на Биле и се потребни далеку помалку средства за да ја победи злокобната болест, душевната болка по мајка си, но и тешката сиромаштија со која се соочува.
Даниел Пешевски
Сметка – 320 – 5000266219 – 22
Централно-кооперативна банка
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
