-->
-->
Апел за помош: Потребни сме и на младата Стаменка Трповска
-->
Младата Стаменка Трповска треба да собере 5.500 евра, за да го спаси својот лев колк. Трповска се бори со овој проблем веќе четири години, а нејзиното семејство не е во состојба да ги подмири трошоците за оваа операција.
Како што ни истакна Стаменка, од Воена болница била испратена во Државна болница, со цел да добие конзилијарно мислење за операција надвор од Македонија.
Еве што напиша Трповска, на социјлната мрежа фејсбук:
„Драги пријатели, некои од вас лично ме познаваат и лично знаат со каков проблем се мачам последниве неколку години. Бидејќи веќе не знам што да правам па решив вака јавно да се обратам и да побарам помош за мојот колк кој е во фаза на распаѓање т.е. поточно имам дијагноза коксартроза и синовитис која се заснова на рскавицата во колкот која е скоро целесно оштетена. Оваа агонија со константни болки и ограничување во движењето е макотрпна работа и од големите болки кои ги имам сум принудена да избегнувам било каква физичка работа. За истиот проблем да биде решен најдовме првиватно соодветна клиника во Србија која истото може по артроскопски пат да го реши за да не дојдам до менување и ставање на вештачки колк. Докторот Александар Црнобариќ е со позитивно мислење и соодветно решение на мојот проблем, воедно да не заборавам да напоменам дека е еден од најдобрите доктори на балканот за таа дијагноза. Инаку неговиот преглед беше детален и убаво објаснет за понатамошно лекување. Операцијата која ќе ја изврши лично тој чини 5500 евра во кои се состојат операцијата и постоперативен третман. Затоа драги пријатели ве молам вас за помош кој колку може да донира и конечно мојата агонија од претерано силни болки и големо ограничување во движењето да престане и да можам понатаму да живеам нормален живот.
Брат ми неодамна почина, а татко ми не е финансиски способен да ми помогне, па затоа се решив вака јавно да побарам помош од вас.
Телефони за донација:
T – mobile 143 123
За Вип наскоро ќе добијам бројче
Жиро сметка: 270700042513594
со цел на дознака “донација за Стаменка”
Споделувајте“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци