Македонија
20. July 2020 - 10:14

Апасиев: Следуваат тужби до Управен, али со печат!

Лидерот на Левица Димитар Апасиев, откако ДИК им ги отфрли сите приговори, објави пост на социјалните мрежи со кој најавува тужби до Управен суд.

Со хаштази на постот „ве насанкавме бе к…“ и „урбанагерила“, лидерот на Левица и иден пратеник Димитар Апасиев најавува филибастеринг, што значи право во на некој неограничено да расправа за некој предлог.

ДИК излезе со едногласен став дека голем дел од 1.982 приговори се невалидни односно се без печат.