Апасиев поднесе кривични пријави против оние кои му се закануваа нему и на неговото семејство
Денес, претседателот на Политичката партија Левица – проф. д-р Димитар Апасиев, заедно со неговиот адвокатски тим, во архивата на Основното јавно обвинителство Скопје ја поднесоа кривичната пријава против Мерсиха Смаиловиќ од Скопје и уште шестмина други лица кои му се закануваа нему и на членовите на неговото поблиско семејство.
Наводите од пријавата, претходно записнички се пријавени и до надлежните инспектори во МВР – СВР Скопје, Одделение за борба со компјутерски криминал. Кривичната пријава е поднесена поради постоење основи за сомневање за сторено тешко кривично дело: „Ширење на расисистички и ксенофобичен материјал по пат на комјутерски систем“ казниво по член 394-г, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, како и за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста“ – казниво по чл. 144, ст. 4, а во врска со чл. 23 од КЗ (поттикнување).
Очекуваме ОЈО Скопје да постапи по пријавата со истата експедитивност како кога пријавен беше нашиот претседател Апасиев и да ги преземе сите процесни, предистражни и истражни дејствија – слично како во други експонирани случаи, кога како пријавители се јавуваа носители на јавни функции од власта, а нивните заканувачи беа експресно санкционирани (примерите со премиерот Зоран Заев, министерот Оливер Спасовски, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и др.). Партијата Левица будно ќе го следи текот на истрагата и благовремено ќе ја информира јавноста за постапувањето или непостапувањето на обвинителите од ОЈО по конкретниов предмет.
Ново на Сител
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК