Апасиев го избриша статусот на Фејсбук за протерувањето на рускиот дипломат
Откако МНР во понеделникот одлучи да протера еден дипломат на Руската Федерација во Република Македонија заради случајот со труењето со нервен гас на двојниот руски шпион Сергеј Скрипал во британскиот град Солсбери на Фејсбук се огласи Димитар Апасиев, доцент на Правен факултет на универзитетот „Гоце Делчев" од Штип и член на партијата Левица.
Тој ја критикуваше одлуката на Македонија да протера еден руски дипломат во знак на солидарност со Велика Британија во случајот „Скрипаљ", и на својот Фејсбук профил напиша: „Протеруваш ДИПЛОМАТ од земја која те признава под уставно име, за да ѝ угодиш на земја која не те признава ни под 'разно'!?". По само еден ден исиот овој статус е избришан и не е достапен на неговиот Фејсбук профил.
Одлуката на Министерството за надворешни работи на Република Македонија ја поздрави британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Гарет, кој на својот профил на Твитер напиша дека таа е моќен израз на солидарност, истовремено руската амбасада во Македонија на Твитер објави дека македонската страна ќе ги сноси последиците од протерувањето на рускиот дипломат.
Ново на Сител
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи