Македонија
23. јуни 2022 - 12:01

Апасиев: Доаѓа денот за антивладин отпор, се надевам ќе спречиме нов Преспански, од нас зависи

Лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев на својот фејсбук профил напиша дека актуелниот премиер, Димитар Ковачевски ќе го прифати “францускиот предлог” за бугаризација на Македонија (кој е претходно договаран од Бујар).

-Таче викендов ќе го прифати "францускиот предлог" за БУГАРИЗАЦИЈА на Македонија (кој е претходно договаран од Бујар). Мислам дека доаѓа денот и часот за сериозен антивладин Отпор. Само ме јаде јанѕа дали е пак и ДПМНЕ декор у причава? Се надевам искрено дека не е и дека опозицијата, заедно со народот, ќе спречиме нов Преспански. Од нас зависи!, истакна Апасиев.