Апасиев: Ако власта се дрзне да донесе заразени пратеници ќе добие кривична пријава за биолошки тероризам
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев уште вчера најави дека ако пратеници од власта заразени со вирусот Ковид-19 се појават на денешната седница, тој ќе поднесе кривична пријава за биолошки тероризам.
-Ако власта се дрзне да донесе заразени пратеници од карантин на пленарна седница, ќе попие кривична пријава за БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ и некој ќе си го крка, фино-лепо, по падот на Режимот, напиша Апасиев на Фејсбук.
.
Предмалку, пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ најави дека иако е позитивна на коронавирусот ќе присуствува на денешната седница.
-Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании. Позитивна сум на КОВИД-19, но добро се чувствувам, со силна одлучност денес да победи народот, вели Костадиновска.
Инаку, излегувањето од дома без претходна дозвола е казниво со Закон. Во услови на епимидеја заразените смеат да излезат од својот дом само за здравствени потреби.
Согласно членот 206 од Кривичниот законик казната за ова дело казната може да биде парична или затвор до една година.
-Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото од став 1 го стори правно лице, ќе се казни со парична казна, се вели во членот 206 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Британски суд осуди албански државјанин, кој извршил грабеж и во вилата на фудбалската ѕвезда, Рахим Стерлинг
-
Бомбата за Раде Штекли најавена на „тикток“ | ВИДЕО
-
Во петок дожд и снег на планините, за викендот стабилно и студено време
-
На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени
-
Пронајден кокаин, марихуана и две дигитални ваги кај 26 годишна девојка во Аеродром
-
Отишле на лов па го застрелал од пушка за која немал дозвола, уапсен 54 годишник во Штип
-
Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност