Антонио Тајани од редовите на Народните партии е новиот претседател на Европскиот парламент
Европратеникот од Италија, Антонио Тајани е новиот претседател на Европскиот парламент, јавува дописникот на МИА од Париз.
За да Тајани биде избран на европратениците им беа потребни четири круга на гласање. Во последниот круг, Тајани доби 351 гласа, додека неговиот сонраодник Џани Питела од редовите на социјалистите и демократите 282 гласови, а вкупно 80 ливчиња беа неважечки.
Откако Мартин Шулц му посака „добар ветер“ пред да му го препушти своето претседателско место, Антонио Тајани рече дека ќе биде претседател на сите европратеници и дека ќе ги почитува сите групи.
Тајани изрази благодарност до Мартин Шулц, на кој му се заблагодари за работата која ја завршил.
Својата победа Тајани им ја посвети на жртвите на земјотресот кој ја погоди Италија, изразувајќи им солидарост на жртвите на тероризмот, без да ги заборави оние кои страдаат во моментов од големиот студ, на оние без покрив на главата и без работа, на кои треба да им се посвети работата на ЕП.
Тајани има солидно политичко искуство. Тој беше комесар на ЕУ за сообраќај од 2008 до 2010 година, а потоа комесар за индустрија 2010-2014. Тајани влезе во Европскиот парламент во 1994 година. Тогаш тој стана основачки член на партијата Форца Италија на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер