Антивладини протести во Судан
Неколку илјади луѓе денеска протестираа пред претседателската палата во Катрум незадоволни од преодната Влада и побараа војската да ја преземе контролата врз Судан.
Претставници на армијата и на цивилните групи ја делат власта во Судан од соборувањето на претседателот Омар ал Башир во 2019 година.
Тензиите се зголемени од септември кога приврзаниците на Башир се обидоа да извршат државен удар. Оттогаш воените лидери бараат реформи на коалицијата Силата на слободата и промени (ФФЦ), цивилниот сојуз, кој ги предводеше протестите против Башир и е дел од преодната влада.
Вооружените сили исто така побараа смена на владата, но според цивилните лидери војската сака да ја преземе моќта.
Демонстрантите скандираа „Долу владата на гладот“ и го повикаа генералот Абдел Фат ал Бурхан, шеф на вооружените сили и на заедничкиот воено-цивилен суверен совет, да ја преземе контролата врз земјата.
Суданскиот цивилен премиер Абдалах Хамдок во петокот претстави план за решавање на, како што рече, „најлошата и најопасна“ политичка криза во двегодишната транзиција на земјата.
– Јас не сум неутрален или посредник во овој конфликт. Мојот јасен и цврст став е целосна хармонизација со граѓанската демократска транзиција, истакна Хамдок.
Тој положи заклетва како премиер во август 2019 година, по масовните протести во април, при што армијата стави крај на 30-годишното владеење на Башир.
Сепак, поддршката за преодната влада опадна изминатите месеци, бидејќи економските реформи спроведени од Хамдок доведоа до намалување на субвенциите за гориво и зголемена инфлација.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален