Антивладини протести во Малезија

Илјадници демонстранти облечени во жолто денеска протестираа во центарот на главниот град на Малезија, Куала Лумпур, барајќи оставка од премиерот Наџиб Разак поради обвиненијата за корупција.
Демонстрантите ја прекршија забраната за масовни собири на јавни места и вчерашната забрана на Владата, за носење на жолта облека.
Жолтата боја е симбол на коалицијата од граѓански групи Берсих, која бара изборни реформи и подобро владеење.
Разак и малезиската Влада се критикувани на социјалните мрежи откако „Волстрит џурнал“ во јули објави дека на приватните сметки на премиерот има над 670 милиони долари, а најверојатно парите се на Државниот фонд за развој.
Малезиската Комисија за борба против корупција изјави дека парите на приватните сметки на Разак се подароци од Блискиот Исток, но не наведе повеќе детали.
Разак изјави дека демонстрантите немаат патриотизам, бидејќи протестираат два дена пред одбележувањето на денот на независноста на Малезија.
Ново на Сител
-

УЕФА ја казни англиската репрезентација поради расизам
-

Просечната нето-плата во септември 49.141 денар
-

Лагард: Европа реагира предоцна во кризите
-

По масовниот прилив на мигранти во Сеута за 650 отсто зголемени пријавите за сексуални напади
-

Кривична за тројца полициски службеници кои малтретирале малолетник во Охрид по обид за бегство со мопед
-

Синдикатите повикаа на генерален штрајк во Италија – Планирани се 100 демонстрации
-

Николоски: Целосна реконструкција на патот Валандово-Струмица, следната година активности за патот кон Дојран
-

Отпушок од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени
