-->
-->
Антивладини протести во Бугарија, десетти по ред
-->
Десетти ден по ред, во Софија и другите градови низ Бугарија синоќа се одржаа антивладини протести.
Учесниците во протестот повторно побараа оставка од Владата и Јавниот обвинител и распуштање на Парламентот.
Началникот на полицијата во Софија, Радослав Стојнев, претходно во текот на денот, рече дека седум лица се приведени за време на протестите во петокот. Тој додаде дека немало нарушувања на јавниот ред и дека за време на протестите не биле забележани групи на провокатори.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов во средата ги повика министрите за финансии, економија и за внатрешни работи да поднесат оставки поради протестите низ целата земја против корупција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари
-
ЗНАМ почнува преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка на локалните избори
-
Левица бара да нема застареност
-
Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи
-
Културните работници на протест поради доцнењето на мартовската плата
-
Царините на Трамп негативен шок за глобалната економија
-
Скопската брза помош го вклучи алармот – ако нема вработувања не знаат како ќе работат летото