Антивалентин честитки за Денот на вљубените
Наближува 14 февруари, Денот на вљубените, празникот кога се купуваат и испраќаат љубовни честитки и подароци.

Најстарата честитка за Валентин ја напишал францускиот војвода Карло Орлеански на својата сопруга додека бил во заробеништво во Англија. Симболот на Валентин - Купид, е староримскиот бог на љубовта. Често се прикажува како држи лак и стрела, бидејќи се верува дека оној кој ќе биде погоден од неговата волшебна стрела веднаш ќе се вљуби.

Секоја година за Валентин се испраѓаат околу милијарда честитки, само малку помалку од колку што се испраќаат за Божик. Валентин, заедно со Денот на мајката, е и денот кога се купува најмногу цвеќе. Секоја година, девојките и ѓените ширум светот за Валентин добиваат околу 50 милиони рози. Во Верона, родниот град на Ромео и Јулија, секоја година пристигнуваат околу илјада љубовни писма за Јулија. Во Америка, дури 15 отсто од честитките за Валентин девојките си ги испраќаат сами себе.

Но многумина ги нервира овој комерцијален празник, како и притисокот на околината тој ден да се прослави со некој партнер. Многумина, честитките кои ги добиваат за Валентин ги сметаат за застарени, празни, неоргинални и обични и повеќе ги претпочитаат оние циничните.

Уметничката Џули Ен е авторка на антивалентин честитки кои ја слават љубовта на несекојдневен, но сепак искрен и непретенциозен начин.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
