Антируски протести во Џакарта
Група од неколку стотици демонстранти се собраа денеска пред амбасада на Русија во Џакарта, за да протестираат поради руските воздушни операции против џихадистичката група Исламската држава (ИД).
Демонстрантите ја искористиле посетата на Џакарта на рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров, кој за економската соработка на двете држави разговараше со претседателот на Индонезија Јоко Видодо.
Протестите пред руската амбасада не се добро примени од страна на јавноста во претежно муслиманската 256-милионска Индонезија. Медиумите денеска, најчесто, овој настан го покриваат со фотографии, без многу текст.
Во неколкуте коментари се наведува дека муслиманите во Индонезија не смеат да подлегнат на се поагресивната кампања на идеите на ИД, во чии редови до сега се регистрирани над 1.000 Индонезијаци, од кои половината се вратиле дома и се сметаат како опасност за стабилноста на државата.
Ново на Сител
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови
-
Негативен природен прираст на истокот
-
Затворен атмосферски канал во Прилеп со поставување на цевки и со подготовки за урбанизација
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар