Антикорупциската комисија ќе ги испитува сите владини одлуки од вонредната состојба

Антикорупцската комисија ќе прави проценка дали уредбите што ги носи Владата се согласно Упатството за нивnото спроведување донесеnо при прогласувањето за време на вонредната состојба поради коронавирусот, најавува претседателката на Комисијата Билјана Ивановска.
Таа вели дека Антикорупциска ќе проценува дали постои можност за двосмислено толкување како и дали е предвидено разграничување на должностите и одговорностите со цел да се намали ризикот од концентрирана моќ.
Ивановска во интервјуто вели дека во услови на вонредна состојба поради пандемијата со Ковид -19 зголемен е ризiкот за случајни или намерни грешки во вршењето на службената должност на одговорни лица во државните органи, особено во процесите на итни јавни набавки и користење на донациите.
Таа предупрева дека Кривичниот законик во ниту еден случај, ниту во услови на вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата и не работеле во согласност со прописите.
Ново на Сител
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
