Македонија
5. March 2019 - 16:11

Антикорупциска се уште чека институциите да одговорат за предметите на непотизам

По речиси еден месец од своето формирање, Антикорупциската комисија има отворено 60 тина предмети за непотизам, но досега ниту една институција ги нема доставено бараните документи. Оваа информација денеска ја соопшти првата антикорупционерка Билјана Ивановска, барајќи од надлежните органи поголема ангажираност во борбата против корупцијата.     

И покрај ваквите податоци, за вицепремиерот Бујар Османи функционирањето на ДКСК е една од светлите точки за тоа како се спроведуваат реформите кои се дел од Планот 18.

Во однос на информациите дека во голем дел од случаите отворени од антикорупциска има инволвирано членови на ДУИ, Османи рече дека ќе бидат испочитувани сите одлуки кои што ќе ги донесе оваа институција.

Османи очекува со усвојувањето на законот за ЈО, преку кој ќе се реши статусот на СЈО да бидат заокружени двата системи за антикорупција, кои преставуваат клучни успеси во пресрет на извештајот на ЕК.