Антиџихадистичката коалиција призна дека при нејзини напади загинале и цивили
Меѓународната коалиција за борба против групата Исламска држава потврди при нејзини напади во Ирак и Сирија во последните месеци биле предизвикани нови цивилни жртви.
- Длабоко жалиме за несаканите загуби на цивили и за повредени при нападите. Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите, се наведува во соопштение од американската Воена команда на Блискиот Исток.
Со тоа официјално потврдените цивилни жртви од почетокот на кампањата изнесуваат вкупно 55 лица.
Коалицијата, предводена од САД, која извршува напади врз џихадистите од август 2014 година, го призна предизвикувањето на цивилни жртви дури по долги истраги и обвиненија дека коалициската команда го потценува нивниот број.
Според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, во нападите извршени од коалициските сили во Сирија се убиени околу 600 цивили, меѓу кои 136 деца.
Друга, пак, лондонска невладина организација „Еруорс“ смета дека жртвите на нападите од коалицијата во Сирија и Ирак се над 1.500.
Ново на Сител
-
Арсовска: Инспектор од МВР фатен како прави див приклучок за вода, во бес физички напаѓа советничка | ВИДЕО
-
Целосно нормализиран сообраќајот на ГП Блаце
-
Сончево и многу топло, температура до 41 степен, од утре освежување
-
Продолжува амандманската расправа за ребаланост на Буџетот
-
До седум часот утрово активни седум пожари, велат од ЦУК | ВИДЕО
-
МЗ: Пожар во кругот на болницата во Битола, нема штета и повредени
-
Трамп го пролонгира стапувањето во сила на реципрочните царини до 1 август
-
57-годишен скопјанец бил фатен како подметнува пожар во Ѓорче Петров