Ансамблот „Танец“ со новогодишен концерт ја завршува јубилејната година

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ вечер од 20 часот во Македонскиот народен театар ќе има новогодишен концерт со кој ќе ја затвори јубилејната, 70-та година од своето постоење. На концертот ќе гостува и Националниот ансамбл за народни игри и песни „Коло“ од Србија.
– По серијата коцертни чествувања низ градовите низ земјава и меѓународните претставувања во Франција, Шведска и Австралија, „Танец“ вечерва со гостите од „Коло“ ќе ја исполни сцената на МНТ со бесценетите антологиски кореографии на „Тешкото“, Невестинското“, „Драчевка“, уникатното „Старобосанско немо коло“, српските игри од Стара Планина, од Западна Србија и Босилеградскиот крај, како и повеќе оркестарски ора и песни, меѓу кои и познатото „Касапско оро“, популарните „Не стој Доне, Донке“, „Ој, Мораво“ и многу други. На сцената ќе бидат над 120 учесници, а капацитетот на Македонскиот народен театар беше мал за да ги покрие со билети сите љубители на врвниот музичко-сценски фолклор. Картите за овој настан беа распродандени за само неколку дена, соопшти „Танец“.
На вечерашниот концерт премиерно ќе биде изведена новата кореографијата „Радовишки собор“ на Јовица Блажевски, претставник на последната генереција кореографи на „Танец“ кој зад себе како автор ги има и веќе добро познатите постановки „Посеље“, „Кумановка“, „Малешевка“ и „Пијанец“.
Блажевски подолг период го истражуваше регионот на Радовиш и од материјалите собрани на терен избра новата кореографска творба да ја темели врз изворните радовишки соборски ора „Кукурику петле“, „Ситната“, „Трченица“, „Тоска“ и „Маца вода лие“, како и ороводната песна „Покрај, накрај Кате“. Музичката обработка е на познатиот македонски хармоникаш, композитор и аранжер Дарко Илиевски, долгогодишен член на оркестарот на „Танец“.
Книгата е насловена „Остани во чекор“ и е посветена на десет антологиски кореографии од репертоарот на „Танец“. Автор е етномузикологот Кирил Тодевски, а преводот на англиски е на Марија Џонс. Публикацијата е на „Арс Ламина“ и содржи комплетни нотографии за сите десет корепграфски постановки направени од Марко Коловски, а изобилува и со богат фотографски материјал од архивата на ансамблот.
Ново на Сител
-

Девет пријави за семејно насилство за 24 часа во државата, четворица приведени
-

Нето платата во април 48.779 денари
-

Утре нестабилно време, сончев и топол викенд во најава
-

Полицајци од Македонија, Косово, Црна Гора и Италија ќе патролираат по албанското крајбрежје за безбедна туристичка сезона
-

Заврши средбата Гаши-Доцова во Софија: Неопходно е продолжување на дијалогот на парламентарно ниво
-

Претрес во Росоман, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Детската клиника во Скопје со најниска стапка на смртност во историјата на Клиниката
-

Мицкоски: Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимално најниски цени
