Ансамблот „Контемпора“ настапува во македонскиот културен центар во Софија
Во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија, вечер со свој концерт ќе се претстави Ансамблот „Контемпора".
За своето прво претставување во Бугарија, ансамблот ќе настапи со својата камерна формација „Дувачки квинтет" во состав: Катерина Бачевска (флејта), Владимир Лазаревски (обоа), Игор Иванов (кларинет), Горан Јанев (хорна) и Марјан Милошевски (фагот).
На програмата се дела со современа македонска музика од Љубомир Бранѓолица, Александар Џамбазов и Стојан Стојков, но и музика за дувачки квинтет од Марин Големинов, Ференц Фаркаш, Астор Пјацола, Жорж Бизе и Леонард Бернштајн.
Концертот кој е дел од годишната програма на нашиот Центар во Софија се остварува во соработка со Сојузот на композиторите на Македонија-СОКОМ.
Претставниците од СОКОМ и македонските музичари пред пубиката во Софија ќе ги претстави директорот на КИЦ во Софија Васко Шутаров, а ова музичко гостување е поддржано од Министерството за култура.
Ансамблот за современа музика „Контемпора“ е формиран во 2014 година од страна на Сојузот на композиторите на Македонија, со цел да бидат што почесто изведувани и промовирани нови дела од македонски автори. Ансамблот брои дваесет инструменталисти со значително искуство во изведбата на современата музика и во зависност од репертоарот, делува во различни инструментални формации. Во изминатите неколку години од своето основање, ансамблот има остварени турнеи во Холандија, Белгија, Австрија и одржано бројни концерти во Македонија. Ансамблот има реализирано и повеќе студиски снимки на новосоздадени дела од композитори од САД, Италија, Индонезија, Иран, а во својот досегашен репертоар има претставено преку 50 дела на автори од Македонија.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата