-->
-->
Ансамблот „Керамичар“ од Велес со ново ДВД за јубилејот 60 години
-->
Ансамблот „Керамичар“ од Велес со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Велес издаде ново ДВД, по повод јубилејот 60 години дејност.
Како што информира на денешната прес-конференција Томе Јаневски претседател на Ансамблот, во новиот видео запис на „Керамичар“ се содржани настапи, концерти и фолклорни фестивали на кои во изминатите 60 години настапувале фолклористите на Ансамблот „Керамичар“.
- Со голем ентузијазам фолклорните групи на ансамблот „Керамичар“ градеа вистински културен бренд во срцето на Македонија, кој верувам и денес сите нас не исполнува со гордост и почит кон богатото фолклорно наследство, потенцира Јаневски.
Тој потсети дека растејќи низ децениите, работеле на градење широк репертоар кој не е ограничен само на ората и песните од Вардарскиот регион туку и од сите региони и краеви на Македонија.
- Во изминатите шест децении нашиот ансамбл покажа дека е вистински културен амбасадор на Велес и Република Македонија. „Керамичар“ специфичниот македонски фолклор го доближи до луѓето од сите меридијани во над 22 земји од Европа и светот, потенцира Јаневски.
ДВД–то на „Керамичар“ свечено ќе биде промовирано утревечер во 19 часот во новата зграда на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучување за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучувањето за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, воено политички експерт
-
Мицкоски: Ние сме усогласени со надворешната политика на ЕУ