Анонимна дојава за можен терористички напад на аеродромот во Ротердам
Анонимна дојава за можен терористички напад ги засили безбедносните мерки на аеродромот во Ротердам, се наведува во заедничкото соопштение на холандската полиција и воена полиција.
Во соопштението се посочува дека на аеродромот „преземени се дополнителни видливи и невидливи безбедносни мерки“, пренесува Танјуг.
Припадници на воената полиција со панцири и шчемови ги обезбедуваат автобусите и превозните средства на влезот на паркингот на аеродромот, кој се наоѓа на шест километри северно од Ротердам.
И покрај заканата нема прекин на полетувањето и слетувањето.
Во Холандија во сила е зголемена тревога од тероризам, по минатогодишните напади во Париз.
Холандската служба за координирање на борбата против тероризмот во понеделникот соопшти дека терористичката закана во земјата може да се засили, ако Исламска држава биде победена во Сирија и во Ирак, бидејќи тогаш припадниците на џихадистичката група ќе се вратат во земјата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени
-
Богојавление Водици на Плетварско езеро
-
Сузбиена криминална група предводена од Раде Штекли – 14 лица од Скопје осомничени за трговија со дрога
-
Богојавление Водици во Скопје
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Томче Голабоски го фати крстот во Струга