Македонија
23. August 2016 - 8:25

Анкета: Жители на ЕУ сметаат дека е голем бројот на имигрантите

Голем дел од жители на држави во Европската унија се со став дека имигрантите се навистина многу, а само 20 отсто сметаат дека нивното присуство има добар ефект, се вели во резултати од анкета во 22 држави.

Анкетата на Ипсос покажува дека 65 отсто луѓе во Италија, 60 отсто во Белгија, 57 отсто во Франција, 50 отсто во Германија и 49 отсто во Британија се со став дека е голем бројот на имигрантите.

Само 20 отсто од анкетираните – 35 отсто во Британија, 20 отсто во Шпанија, 18 отсто во Германија, 11 отсто во Франција и Белгија и 10 отсто во Италија – сметаат дека има добар ефект присуството на имигрантите.

Освен стравувања за економијата и социјалните прилики, новиот имиграциски бран создава и стравување за безбедноста.

Шеесет и еден отсто од анкетираните сметаат дека „терористи се претставуваат како мигранти“ за да влезат во нивните држави. Во Германија тој процент е 71 отсто, во Италија 70 и во Франција 67 отсто.