-->
-->
Анкета: СИРИЗА со 1,2 проценти предност пред Нова демократија
-->
За СИРИЗА на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на вонредните парламентарни избори во септември ќе гласаат 29 проценти од избирачите, а за конзервативната партија Нова демократија - 27,8 отсто, покажуваат резултатите од анкетата изработена од „Метрон анализ“.
За новоформирана партија Народно единство, формирана од дисидентите на СИРИЗА, се изјасниле 4,1 отсто од испитаниците.
Ултрадесничарската партија Златна Зора има поддршка од 8,3 проценти, а потоа следи центристичката Потами со поддршка од 6,7 отсто.
Според резултатите од анкетата поранешниот коалициски партнер на СИРИЗА, Независни Грци нема да освои три проценти од гласовите, колку што е потребно за влез во Парламентот. ми/17:52
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден