Анкета: Силјановска со убедливо водство пред Пендаровски
Мартовските анкети на јавното мислење покажуваат убедлива победа на кандидатката на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова за претседател на државата.
Според анкетата на Маркет Вижн по нарачка на МКД мк граѓаните на актуелниот претседател Стево Пендаровски на скала од 1 до 10 за досегашната работа му даваат оценка 4,а над 63 проценти сметаат дека Пендаровски не заслужува нов мандат.
На прашањето за кој кандидат ќе гласате на претстојните избори 20% ја поддржуваат Силјановска, близу 11% Пендаровски.
Интересен е дуелот меѓу кандидатите во албанскиот блок, Бујар Османи и Арбен Таравари. За Османи како кандидат на коалицијата на ДУИ би гласале 7,9 отсто од граѓаните, а за Таравари како кандидат на албанската опозиција би гласале 5,8%.
Трет на оваа листа е Максим Димитриевски со поддршка од речиси 7 отсто, Ванковска со 2,7, а Јакимовски има поддршка под 1 процент.
Анкетата покажува и огромен интерес кај граѓаните да излезат на претстојните претседателските избори закажани за 24 април. За разлика од парламентарните, каде подготвност за излез на избори искажале 66,6 отсто од граѓаните, на изборите за шеф на државата би излегле дури 72 отсто од граѓаните.
Ако во вториот круг преминат само Силјановска и Пендаровски според акнтата граѓаните и давааат предност на Силјановска со 32,2 % поддршка наспроти Пендаровски со поддршка од 25,5%
Анкетата на Маркет Вижн е спроведена телефонски во периодот од 15 до 24 март на репрезентативен примерок од 1200 истипаници.
Ново на Сител
-
Таравари: Нема лекарска грешка во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника
-
МВР: Внимавајте телефонските измами се сѐ почести, не споделувајте лични податоци
-
Лидерот на „Преродба“ Костадинов бара припојување на Македонија и украинска област кон Бугарија
-
Европратеници побараa дебата за „злоупотребата на социјалните мрежи“ до страна на Илон Маск
-
Одложено е објавувањето на номинациите за Оскар поради разорните пожари во Лос Анџелес
-
Бројот на приговори за заштита на податоците не ја намалува нивната валидност, реши Европскиот суд на правдата
-
Девизните резерви надминаа пет милијарди евра
-
Без вода неколку улици во Скопје