Анкета Ројтерс/Ипсос: Рејтингот на Трамп падна на 43 отсто, најниско ниво откако се врати на власт

Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на 43 проценти, најниско ниво откако тој се врати на власт. Американците се незадоволни од неговата царинска политика и од активностите на владата околу воените напади во Јемен, покажува истражувањето на Ројтерс/Ипсос.
Тридневното истражување, кое заврши вчера, покажува пад за четири поени од рејтингот од 47 отсто измерен веднаш откако тој ја презеде функцијата за втор мандат на 20 јануари. Од друга страна, најниско ниво на неговиот рејтинг за време на неговиот прв престој во Белата куќа е забележано во декември 2017 година – 33 отсто. Севкупно, позитивните оценки за него остануваат повисоки отколку што беа во поголемиот дел од неговиот прв мандат.
Анкетираните даваат лоша оценка за мерките на републиканецот во економијата, област во која неговите постапки ги одобруваат само 37 посто. Триесет проценти се оние на кои им се допаѓа неговата политика за справување со високите трошоци за живот.
Според 52 проценти oд анкетираните, зголемувањето на тарифите за автомобили и автоделови, мерки вклучени во новите широки тарифи на Трамп објавени синоќа, ќе им наштетат на луѓето околу нив, а приближно истиот дел веруваат дека зголемувањето на царинските стапки ќе има негативно, а не позитивно влијание. Околу една третина – главно поддржувачи на републиканците – имаат спротивен став.
Анкетираните се исто така критички настроени кон односот на владата со воените тајни по откритијата минатата недела дека високи американски функционери разговарале за плановите за напад врз јеменските шиитски бунтовници Хути на јавно достапната апликација за разговор Сигнал, кои подоцна ненамерно му беа откриени на новинар.
Околу 74 проценти од испитаниците во анкетата на Ројтерс/Ипсос – вклучувајќи 91 отсто од демократите и 55 посто од републиканците – сметаат дека е непромислено да се разговара за воените планови на овој начин; 22 проценти веруваат дека ова е безопасна грешка. Според 70 отсто, Трамп треба да ја преземе одговорноста за ситуацијата.
Само 34 отсто од анкетираните ја одобруваат надворешната политика на републиканците, што е пад во споредба со мартовската анкета, кога овој удел беше 37 отсто. На околу 48 отсто им се допаѓа пристапот на Трамп за решавање на миграциското прашање.
Последното истражување на Ројтерс/Ипсос беше спроведено на интернет меѓу 1.486 полнолетни граѓани од целата земја.
Ново на Сител
-

Трамп не се противи рускиот танкер да достави 730.000 барели нафта на Куба и покрај блокадата
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
-

Санкциониран возач, се движел со брзина од 178 километри на час
-

Почнува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана и ќерката Катја
