Анкета: Работата од дома го намалува стресот и ја зголемува продуктивноста
Работата од дома го намалува стресот, овозможува повеќе време да се помине со семејството и да доведе до поголема продуктивност, покажуваат резултатите од проучувањето на 7.000 домаќинства во Германија кои работеле од дома за време на пандемијата, пишува „Гардијан“.
Заклучокот е дека многу испитаници изјавиле дека имаат позитивно искуство. Мнозинството велат дека работењето од дома им го намалил стресот, им овозможило повеќе време да посветат на семејниот живот и да доведе до поголема продуктивност.
Повеќе од три четвртини од анкетираните, кои изјавиле дека порано не работеле од дома, се надеваат дека ќе продолжат така и во иднина.
Истражувањето е побарано од здравствената осигурителна компанија ДАК, а спроведено од истражувачките центри ИГЕС и ФОРСА пред и за време на пандемијата.
Анкетата исто така покажува дека 21 отсто од работниците биле под стрес пред пандемијата поради патувањето до работното место, а по пандемијата тој број падна на 15 отсто.
Процентот на работници кои велат дека никогаш или понекогаш се под стрес, се искачи од 48 на 57 проценти. Од оние кои сега редовно работат од дома, 56 проценти велат дека се попродуктивни во споредба со извршувањето на својата работа на работното место, а две третини велат дека можат подобро да ги комбинираат работата и семејството.
Според истражувањето, речиси 77 отсто од испитаниците кои претходно не работеле од дома велат дека сакаат да продолжат да го прават тоа и во иднина.
Сепак, речиси половина од испитаниците признаваат дека немаат јасна граница помеѓу работата и животот дома, а овој процент се зголеми на 52 кај оние на возраст од 18-29 години, а три четвртини велат дека им недостига директен контакт со колегите.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација