Анкета на ОЕЦД: Народната банка со највисока доверба во регионот
Во Северна Македонија, повеќе од каде било во регионот, граѓаните имаат доверба во централната банка како институција којашто овозможува финансиска едукација. Ова беше истакнато на работилницата организирана со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД).
Констатацијата се темели на резултатите од најновата анкета за финансиската писменост на возрасното население во Југоисточна Европа, спроведена од ОЕЦД. Тие, меѓу другото, покажуваат дека според одговорите на локалното население во однос на довербата кон институциите коишто вложуваат во финансиската писменост, Народната банка се издвојува како водечка меѓу сите централни банки од регионот, објави Народна банка, објави Народна банка на својата Фејсбук страница.
Според ОЕЦД, на земјава треба да ѝ се честита за усвојувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија и на Кодексот на добри практики за финансиска едукација.
– ОЕЦД со задоволство го поддржа развојот на овие важни иницијативи, коишто сведочат за долгорочната посветеност кон финансиската едукација и финансиската вклученост на сите национални засегнати страни, а особено на Народната банка, е нагласено на настанот.
Ваквите оцени се потврда за досегашните залагања, но и дополнителен поттик да продолжиме со залагањата – за успешно спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија. Како и секогаш, Народната банка ќе го вложува својот максимум, додава Народна банка во објавата на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанец ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец