Анкета на МЦМС и „Социетас цивилис“: СДСМ и Заев најпопуларни меѓу граѓаните
Партискиот, но и рејтингот на партиските лидери го објавиja во третиот дел од истражувањето на јавното мислење МЦМС и Институтот за демократија, Социетас Цивилис.
Според анализите тие посочуваат дека Речиси и да нема разлика помеѓу рејтингот на двете најголеми политички партии во државата, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, односно разликата меѓу нив е во маргините на статистичката грешка. Актуелната партија на власт, СДСМ со 22,1% поддршка има благо водство пред опозициската партија - ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 20,4% од испитаниците. Разликата помеѓу нив изнесува 1,7 процентни поени. Доколку утре се одржат парламентарни избори 6,6% од испитаниците одговориле дека би гласале за ДУИ.
Споредбено со податоците од истражувањето спроведено во ноември 2018 како што посочуваат авторите на истражувањето Rејтингот на СДСМ е намален за 4,7 пп во, а рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е намален за 1 пп.
Најголема доверба ужива лидерот на СДСМ Зоран Заев - 16,5% а веднаш зад него е лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски со поддршка од 14,2%.
Споредбено со истражувањето спроведено во ноември 2018, довербата во лидерот на СДСМ паднала за 4,9 пп, додека пак довербата во лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски е зголемена двојно - за цели 6,8 пп.
Мнозинство од испитаниците или 64,5% одговориле дека сегашната Влада не ги исполнила нивните очекувања. Сегашната Влада ги исполнила очекувањата целосно за само за 6,6% од испитаниците, додека делумно се исполнети за 32,5%.
Истражувањетое направено преку теренска анкета, на репрезентативен примерок од 1,000 испитаници во периодот од 15 ноември до 1 декември годинава. Сите резултати се подложни на статистичка грешка од 3,1%.
Ново на Сител
-
Законски измени за забрана на пиротехника во затворен простор и драстично повисоки казни
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на О. Кисела Вода
-
Тренчевска: 12 илјади пензионери нема да добијат покачување на пензиите
-
Без ефикасен систем за управување со отпад, државата ризикува од поголеми финасиски и еколошки штети
-
По две недели, трагедијата во Кочани во центар на вниманието на пратениците
-
Распит на сведоци и вештачења за пожарот во Кочани
-
Еден од најтешко повредените во дискотеката во Кочани е подобар, тројца и понатаму се во критична состојба
-
Таравари пред одлука: Дали вреди да се биде во „Вреди“