Македонија
5. February 2018 - 19:17

Анкета на Институтот за европски прашања за името и ЕУ

63,7% од македонските граѓани целосно го поддржуваат членството на нашата земја во ЕУ, но само 5,3% од нив сметаат дека Македонија ги исполнува критериумите за влез во европското семејство, покажува дебатната анкета на Институтот за европска политика.

Испитувањето покажало дека големо влијание на перцепцијата на граѓаните за членството во ЕУ имаат името и идентитетските прашања. 30% од испитаниците силно се противат на тоа поради стравот од промена на националниот идентитет, а по дебатата на иста тема со таков став биле 19,6 %.

32,9 % од анкетираните граѓани воопшто не се согласуваат дека Македонија треба да го промени уставното име за членство во ЕУ.

Сепак, доколку името Македонци и македонскиот јазик се загарантирани, 41% од граѓаните би прифатиле промена на уставното име на државата.

Во однос на состојбара со економијата, 44% од граѓаните сметаат дека влезот во ЕУ долгорочно би го подобрил економскиот развој на државата.

Истражувањето е спроведено од 1 до 7 ноември на примерок од 1200 испитаници, а по дебатниот настан посветен на членството во ЕУ, анкетирани се 150 лица.