Анкета: Мнозинството Украинци се против Русија, само три отсто имаат позитивен став
Од почетокот на конфликтот во Украина во 2022 година, односот на Украинците кон Русија нагло се влоши и заклучно со октомври 93 отсто од нив имаат лош став кон Русија, додека само три отсто имаат позитивен став, се наведува во најновото истражување на киевскиот Меѓународен институт за социологија (КМИС), спроведено во септември и октомври.
„По инвазијата, апсолутното мнозинство Украинци имаат стабилен, лош однос кон Русија“, се наведува во извештајот и се оценува дека „негативниот однос кон Русија почнал да се засилува по нападот на Украина, а претходно не бил создаден“, се наведува во истражувањето.
„Руските власти и пропагандата тврдат дека нивните агресивни акции се одговор на порастот на антируските чувства.
Сепак, нашите податоци покажуваат дека Украинците задржале позитивен став кон Русија, а само Русија со своите сурови постапки ги принуди да ја преиспитаат својата позиција“, оценуваат социолозите.
Ново на Сител
-
Дел од маркетите замрзнаа цени на основни производи во наредните шест месеци
-
Продолжува протестот на УПОЗ
-
СДСМ: Власта да им ги зголеми платите на административците
-
Нови авио линии
-
Ќе се откочи ли македонскиот евроинтегративен пат со новата бугарска влада?
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија
-
Македонски навивачи држени четири и пол часа на хрватска граница, се барале знамиња со сонцето од Кутлеш
-
Бугарија доби нова влада – Росен Жељазков избран за премиер