Анкета: Граѓаните на БиХ исто за ИД, но различно за САД
Големо мнозинство граѓани на Босна и Херцеговина од сите три конститутивни народи, имаат негативно мислење за групацијата Исламска држава, но етничките разлики се мошне големи кога е во прашање односот кон другите држави, покажува истражувањето на американскиот институт ИРИ.
Големо мнозинство од граѓаните на БиХ имаат негативно мислење за ИД (Бошњаци 85 отсто, Хрвати 96 отсто, Срби 92 отсто).
Слично на тоа граѓаните на БиХ се обединети по прашањето за функционирање на секуларната држава и немешањето на религијата и власта (Бошњаци 58 отсто, Хрвати 56 отсто, Срби 49 отсто).
Повеќе од 55 проценти од граѓаните на БиХ, без оглед на верската или етничката припадност сметаат дека невработеноста е најголем проблем во државата.
Кога станува збор за односите кон други држави етничките разлики стануваат поизразени. Мнозинството Бошњаци (64 отсто) и Хрвати (56 отсто) имаат позитивна слика за САД, додека само 26 отсто од Србите го имаат овој став.
Слично доживување народите имаат и за Европската унија - позитивен став заземаат 65 отсто од Бошњаците, 59 отсто од Хрватите и само 18 отсто од Србите.
Од друга страна позитивно мислење за Русија имаат 29 отсто од Бошњаците, 43 отсто од Хрватите и 89 отсто од Србите.
Исто така мнозинството граѓани на БиХ, без разлика на етничката припадност сметаат дека БиХ не припаѓа ниту на Исток, ниту на Запад.
Анкетата е изработена во период меѓу 4 јануари и 3 февруари.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија