Анкета: Германија е најпосакувана дестинација за мигрантите

Седум од десет беглаци изјавиле дека преферираат да стигнат до Германија, а Грција ја сметаат за транзитна држава, покажуваат резултатите од анкетата на „Капа рисрч“.
Анкетата, како што јави БТА, е спроведена меѓу мигрантите во центрите во Атија и во Пиреја, а 68 проценти од анкетираните изјавиле дека сакаат да стигнат до Германија, но 59,6 отсто од нив изјавиле дека нема да успеат во своите намери.
Поголем број од мигрантите, 68 отсто искажале позитивен став за Грција, додека процентот за Германија е уште повисок - 74.
Истражувањето покажува дека 74 проценти од мигрантите се од Сирија, од кои 73,8 отсто се мажи, од кои 72,2 проценти се на возраст до 35 години. Додека, 61,3 отсто од мигрантите се необразовани или со незавршена гимназија.
Анкетата е спроведена во понеделникот, откако стапи во сила договорот меѓу ЕУ и Турција за реадмисија на бегалците на турска територија.
Ново на Сител
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
-

Преглед на вестите од светот
