Свет
18. August 2016 - 17:48

Анкета: Германците тагуваат за животот во 80-те

Стравот од тероризам и нејасната иднина е причина поради која речиси половината граѓани на Германија тагуваат по „златната ера“ на 80-те години. Тоа се резултати од анкета на ЈуГов објавени, јави ДПА.

Четириесет и седум отсто од Германците се убедени дека подобро се живеело во 80-те, време на Борис Бекер, хип-хоп, тв-серијата Династија....Седумдесетите и 90-те години од минатиот век исто така се добро оценети од анкетираните – 41 отсто се со став дека „порано беше подобро“.

Таа констатација ја имале само 26 отсто во анкета од лани.

Сегашната анкета покажува дека за иднината на Германија песимистички гледаат речиси половината Германци, а делот на оптимистите е само 15 отсто.