Анкета: Германците против „брегзит“

Најголемиот дел од Германците сакаат Велика Британија да остане во Европската Унија, покажива анкетата на Дојче Веле, спроведена од истражувачкиот центар ДиМап.
Според истражувањето, кое опфатило над 1.000 граѓани на возраст меѓу 18 и 78 години, 78 отсто рекле дека сакаат Велика Британија да остане дел од ЕУ, а само 13 проценти се за „брегзит“, односно за излез на земјата од Унијата.
Кај граѓаните на возраст од 18 до 34 години, процентот на тие против излез на Валика Британија од ЕУ е уште поголем - 83 отсто, а само 10 проценти за „брегзит“.
Референдумот за останување на Велика Британија во ЕУ е закажан за 23 јуни оваа година и засега блокот предводен од британскиот премиер Дејвид Камерон, кој се залага за останување во Унијата има предност пред евроскептиците, но проблем е се помалиот рејтинг на премиерот кој сега има подршка од само 21 отсто од гласачите за извршување на својата функција.
Според Германците, излезот на Велика Британија од ЕУ нема да предизвика економски или финансиски тензии во унијата.
Ново на Сител
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
