Свет
15. December 2015 - 8:45

Анкета: Две третини Палестинци претпочитаат интифада наместо преговори со Израел

Две третини од Палестинците претпочитаат вооружен бунт – интифада наместо преговори со Израелците за напредок на палестинската кауза, се вели во анкета на Пи-Ес-Ар (Plicy and Survey Research).

Според анкетата, 66 отсто од Палестинците (71 отсто во Појасот Газа и 63 отсто на Западниот брег) сметаат дека „ако сегашните судири прераснат во интифада таков развој би служел на палестинските интереси додека преговорите тоа не може да го постигнат“.

Од 1 октомври палестинските територии и Израел се зафатени со пројава на насилства во кои загинаа 117 Палестинци и 17 Изрелци.

Во анкетата 45 отсто Палестинци поддржуваат одлука за две држави – израелска и палестинска. Само 34 отсто сметаат дека тоа решение е се уште можно.

Според резултатите, 65 отсто Палестинци сакаат Оставка од Абас чиј мандат измина во 2009 година.