-->
-->
Англиски мотоциклист тешко повреден во судар со автомобил во Маврово
-->

Вчера околу 18.10 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Хонда“ со британски национални ознаки, управуван од J.J.(26) од Англија и патничко возило „Фолксваген Голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.В.(27) од с.Требиште-Маврово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Дебар, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.
Е.В. и сопатникот во возилото А.В., се здобиле со телесни повреди и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
