Англија воведува забрана за собирање на повеќе од шест лица
Од понеделник во Англија ќе бидат забранети собири на повеќе од шест лица поради наглото зголемување на бројот на заразени со коронавирусот.
Според британската Влада, со измената и дополнувањето на законот ќе се забранат поголеми групни собири во затворени простории и на отворено.
Сепак, забраната нема да се применува во училиштата, работните места, за свадби, погреби и организирани тимски спортови, кои се сметаат безбедни од коронавирусот, пренесува Би-Би-Си.
Британската Влада соопшти дека се потребни нови ограничувања откако бројот на заразени лица во неделата достигна речиси 3.000 на дневно ниво.
Министерот за здравство Мет Хенкок денеска изјави дека новите ограничувања на собирите ќе останат во сила „во догледна иднина“.
Тој изрази надеж дека новите правила, заедно со акциите на локално ниво што се преземаат во бројни градови и региони, ќе ја свртат ситуацијата пред Божиќ.
Лицата кои ќе ги прекршат правилата се соочуваат со казна од 130 долари за првиот прекршок, и може да бидат казнети со парична казна и до повеќе од 4.000 американски долари.
Шкотска, Велс и Северна Ирска досега не воведоа никакви ограничувања.
Во Велика Британија со коронавирусот до сега биле заразени вкупно 352.560 лица, од кои 41.586 починале.
Ново на Сител
-
Празнична акција на фондација Елеуса, поделени над 200 хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за обединување околу стратешките цели
-
Преглед на вестите од светот
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ