-->
-->
Анѓушев вети успешно рестартирање на „Фени“ најдоцна за два месеца
-->
Без разлика дали во понеделник ќе се добие подобрена понуда од Енекод или ќе се отвори било каква постапка во Фени таа ќе заврши со активно реструктуирање на компанијата и со понатмошна нејзина деловна активност за најдоцна 1,5 до два месеца.
Ова денеска во Владата го порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во одговор на новинарско прашање по потпишувањето на Меморандумот за разбирање за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој со швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада и министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.
- Се очекува до понеделник Енекод да даде подобрена понуда кон банките, но и доколку тоа не се случи повторно сум оптимист дека и преку судска постапка ќе настане реактивирање на Фени за месец и половина до два. За компанијата има повеќе заинтересирани инвеститори, а погодува и цената на фероникелот која во моментов расте, рече Анѓушев и додаде дека е сигурен от Фени ќе заврши со рестартирање.
Нагласи дека преговорите меѓу Енекод и банките се надвор од ингеренциите на Владата, но додаде дека процесот будно се следи.
. Ќе бидеме задоволни доколку Енекод ги задоволи критериумите на банките, но и ако не успеат да се договорат постојат групи на инвеститори кои се подготвени да ја рестартираат компанијата и таа за месец и половина до два и да биде во полна функција, потенцира Анѓушев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До сабота сончево време, од недела постудено и повремен дожд
-
Македонски танчари освоија 11 златни пехари на Европско првенство во Шведска
-
Македонски државјанин убил 30-годишна жена со месарски нож пред очите на децата во Германија
-
Обрале 300 кг грозје од туѓа нива, кривична против неколку лица од Кавадарци
-
Додик приреди коктел по повод победата на Трамп
-
8 приведени при инцидентот во Нови Сад
-
Манчестер сити загуби три натпревари во низа
-
Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп